Електронски потврди за крводарителите
Електронски потврди за крводарителите што најмалку 10 пати дарувале од течноста што значи живот. Нов владин проект преку Фондот за здравство со што полесно ќе може да се провери дали осигуреникот е крводарител...

Oсигурениците-крводарители кои 10 или повеќе пати дарувале крв не треба да доаѓаат за хартиена потврда во подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а секој нов осигуреник-крводарител кој дарувал крв над 10 пати автоматски ќе биде внесен во регистарот на крводарители во Република Македонија, кој е дел од новиот електронски систем, а во рамки на владиниот проект „Електронски потврди за крводарители“.
Од денеска сите здравствени установи преку порталот на ФЗОМ ќе можат да видат дали осигуреното лице е крводарител. Оваа новина значи олеснување за осигурениците и е кратење на бирократските процедури. Дополнително, значи и заштеда на време и нема веќе чекање по шалтери.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, кој рече дека електронски потврди за крводарители е проект на Владата, кој Фондот го реализира за да обезбеди олеснувања на осигурениците-крводарители кои во својот живот дарувале крв најмалку 10 пати, со што се стекнале со статус на крводарител и со тоа согласно програмата на Владата имаат право на ослободување од плаќање на партиципација за користење на здравствени услуги.
