Деловоно работење со интегритет

02.03.2016 13:36

Tреба да се почитуваат принципите на етичноста при водењето бизнис. Одговорноста исто така спаѓа меѓу овие начела...

Реномето се стекнува цел живот, а се губи преку ноќ и затоа треба да се почитуваат принципите на етичноста при водењето бизнис. Одговорноста исто така спаѓа меѓу овие начела.

Денеска на тема етички менаџмент, семинар организираа Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија- Турција (МАТТО).

„Дали ќе бидеме чесни во секојдневното однесување е наша лична одлука, но кога станува збор за бизнисот, тоа не е индивидуална одлука, туку одлука на компанијата. Затоа, секоја компанија треба да изготви кодекс на однесување преку кој ќе ги подучи своите вработени, но и партнерите, добавувачите и сите соработници за тоа што значи деловно работење со интегритет“, изјави претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер.

Според консултантот Љубомир Трајковски, ако имањето образ е само домашно воспитување, поседувањето интегритет во деловното работење е придржување до општо прифатените стандарди, правила и принципи.

Претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи нагласи дека етиката во целиот процес, од производството до крајната потрошувачка, мора да се воспостави.