Поквалитетна документарна понуда од МРТ

24.01.2014 11:57

Со цел за поширока достапност на квалитетна програма за сите општествени групи, Македонската телевизија ги отстапува правата за телевизиско емитување на документарни филмови од продукцијата на МРТ  на други комерцијални радиодифузни организации.

Во рамките на својата програмска политика се предлага да се отстапат правата за телевизиско емитување на други комерцијални радиодифузери на следниве документарни филмови:

 

  1. Сведоци – Децата бегалци – ПРОДОЛЖЕНИЕ – Канада
  2. Документарецот за театарот
  3. Документарецот за Музеј на македонската борба за државност и самостојност
  4. Кузман Јосифовски Питу
  5. Скопје 2014 - 14 епизоди
  6. Балканските војни
  7. Тодор Александров – серијал 4 епизоди
  8. Васил Чакаларов
  9. Букурешкиот мировен договор
  10. Цар Самоил и Битката на Беласица
  11. Даме Груев
  12. Христо Узунов
  13. Петар Поп Арсов
  14. Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев
  15. Александар Протогеров
  16. Петар Чаулев
  17. Пере Тошев
  18. Наум Томалески
  19. Анастас Лозанчев
  20. Апостол Петков Терзиев
  21. Димитрија Попгеоргиев –Беровски
  22. Христо Матов
  23. Ѓорѓи Баждаров
  24. Петар Шанданов
  25. Тиквешко востание
  26. Охридско востание
  27. Гоце Делчев
  28. Сите кратки информативни спотови за верски или историски датуми

Со продукцијата на овие документарни филмови Македонската радиотелевизија претставува провајдер на квалитетна програмска содржина во областа на документаристиката.

За подетални информации обратете се на mrt@mrt.com.mk