Стразбур: Затворени 56 пресуди против Република Македонија
Комитетот на министрите на Советот на Европа на својата последна седница посветена на спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права, одлучи да затвори 56 пресуди против Република Македонија, оценувајќи дека тие се целосно спроведени...

Комитетот на министрите на Советот на Европа е органот кој се грижи за спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, по затворањето на 36-те пресуди во февруари, на својот последен состанок во март, одлучи да затвори уште 56 други пресуди кои беа донесени во предмети против Македонија, со оценка дека тие се целосно извршени.
Како што ни посочи владиниот агент, Костадин Богданов, целосното извршување подразбира носење и спровдување од страна на нашата држава, на иднивидуални мерки за да се стави крај на констатираните кршења на конвенцијата и последиците од тоа, во рамките на можното, како и општи мерки, како законски измени за да се спречат сличните кршења.
Откако Комитетот на министрите ги разгледа акционите планови и извештаите за нивното спорведување, во што се подразбира не само промена на законодавството, туку и исплата а оштетата, затворени се ови 56 пресуди.
Пресудите се од групата Атанасовиќ, според првата пресуда и се однесува на предмети кои пристигнале меѓу 2002 и 2004 година во Стразбур, во кои станува збор за „неразумно траење на судската постапка“.
Овај системски проблем е решен со измените во законодавството и можноста кои им се дава на македонските граѓани да се обратат до Врховниот суд, пред кој можат да се жалат за оштета.
Македонија според последниот извештај на Комитетот на министрите, се вбројува меѓу земјите кои најдоследно ги спроведуваат пресудите на највисоката европска институција - Судот за човекови права.
Македонија, принципиелно се залага од самото прифаќање на Конвенцијата за целосна, ефикасна и брза имплементација на пресудите од страна на земјите-членки, при што како што ни подвлече амбасадрот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов, оваа одлука на Комитетиот ги потврдува напорите кои Република Македонија ги вложува на овој план. Потврда на тоа е фактот, што од околу 120 пресуди колку што ги имаше за спроведување во 2014, за како неисполнети остануваат уште 55.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ
