Туристички пасоши за поголема конкурентност во туризмот
Бизнис конфедерацијата на Македонија во рамки на проектот „Туризмот се луѓето- Да работиме заедно за подобар социјален дијалог во туризмот“ организира работилница со цел да се зголеми свесноста на туристичките работници и работодавачите за важноста на овој процес кон зголемување на вработеноста и кометитивноста на националната економија.

Со туристички пасоши ќе се зголемува конкурентноста во туризмот. Документот ќе ги гарантира квалитетот на квалификациите на туристичките работници, безбедноста и стандардите на услугите. Проектот се заговара на ниво на ЕУ, на барање на Словенија.
Од Бизнис - конфедерацијата на работодавачи на Македонија очекуваат од следната година да почне да се користи новиот документ. Нема да биде обврзувачки, но ќе биде гаранција плус за квалитет.
Во туристичкиот сектор во Македонија има околу 45.000 вработени.
Наташа Јанчиќ
