Јавен повик за селекција на песна за Избор на Песна за Евровизија 2017

01.12.2016 13:50

Македонската Радио Телевизија објави отворен повик до автори и музички продуценти од земјава и странство за избор на оригинална, необјавена, современа, авторска композиција, којашто ќе биде изведена на Изборот за Песна на Евровизија, 2017 во Киев, Украина.  

Со цел квалитетно и достоинствено претставување на МРТ и Македонија на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, Избор за Песна на Евровизија, Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата, ги повикува сите еминенти, но и млади автори да ги испратат своите креативни музички дела и на тој начин да ја зголемат конкуренцијата во селекцијата на песната, којашто Јана Бурческа, како македонски претставник, ќе ја изведе на 62-то издание на Изборот за Песна на Евровизија 2017, во Киев, Украина.

Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозициите треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална линија и хармонија.

Демо снимката може да се испрати на meripopova@gmail.com.

Отворениот повик  трае до 25-ти декември 2016 година.