Изведба на операта „Евгениј Онегин“ за хуманитарни цели

27.12.2016 12:48

Акцијата е со цел создавање музичка аудиотека, а ќе биде насочена и за купување музички инструменти за лица со оштетен вид.

Во Македонската опера и балет, утревечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Акцијата е со цел создавање музичка аудиотека, а ќе биде насочена и за купување музички инструменти за лица со оштетен вид.

Со „Евгениј Онегин“ беа отворени овогодинешните Мајски оперски вечери. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски. Во насловната улога настапува гостинот од украина, Александар Малишко.