Најмногу дожд во Струмица

26.05.2017 10:37

Во изминативе 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица, 71 литар на квадратен метар, соопшти УХМР. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува.

Времето денеска облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поизобилни особено во претпладневните часови. На повеќе места се очекува да наврнат над 45 литри на квадратен метар.

Во изминативе 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица, 71 литар на квадратен метар, соопшти УХМР. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува.

Дневната температура ќе се движи од 14 до 18 степени. Во Скопје слично време. В сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Од недела се очекува стабилизирање на временската состојба, но и температурата на воздухот ќе биде во постепено покачување, односно ќе има затоплување.