Згасна и „Дневник“
Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на 60-тина вработени, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функционирање на весникот и за исплатата на обврските.

Денешното издание на дневниот весник „Дневник“ е последното што читателите можеа да го купат. Од утре весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, а фирмата ќе оди во ликвадација.
Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на 60-тина вработени, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функционирање на весникот и за исплатата на обврските.
Покрај тоа што се затвора првиот приватен весник во Македонија – „Дневник“, од утре се укинуваат и порталите на „Вест“, „Утрински весник“ и „Телеграф“.
Пред еден и пол месец престанаа да се печатат и дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“.
