ФЕИТ и М- НАВ потпишаа Меморандум за соработка
Посебен акцент се става на развојно- истражувачки и на апликативните проекти, консултативните услуги, едукативните активности, меѓусебната поддршка, стипендирање на студенти од завршните години и постдипломци и многу други заеднички активности.

Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со воздупловната навигација М-НАВ за доедукација на кадри за потребите на воздухопловната индустрија.
Потпишан е Меморандум за соработка, а посебен акцент се става на развојно- истражувачки и на апликативните проекти, консултативните услуги, едукативните активности, меѓусебната поддршка, стипендирање на студенти од завршните години и постдипломци и многу други заеднички активности.
Ние ја зголемуваме листата на компании со кои соработуваме и овозможуваме, нашите студенти да добијат практично наобразба и да се вклучуваат во реализација на многу научни и апликативни проекти, но и да добиваат стипендии за завршување на образовниот процес, вели деканот на ФЕИТ, Ташковски.
Извршниот директор на воздухопловна навигација, Николче Тасески истакна дека М-НАВ во целост, ги поддржува активностите на ФЕИТ во насока на обезбедување континуирано образование на инженерско- техничкиот кадар.
Ќе обезбедиме материјална и стручно- професионална поддршка, ќе организираме различни семинари, предавања и активности за одбележување различни прослави, годишнини и јубилеи, вели Тасески.
