Три милијарди денари за долговите на општините
Станува збор за еднократна помош, а во иднина ќе биде воспоставен контролен механизам, кој ќе оневозможува општините да трошат повеќе од тоа што трошеле изминативе три години...

Владата ќе ги помага општините со покривање на половина од нивните долгови спрема доверителите. За оваа намена издвоени се три милијарди денари буџетски пари- соопшти владиниот портпарол Бошњаковски.
Тој истакна дека станува збор за еднократна помош, а во иднина ќе биде воспоставен контролен механизам, кој ќе оневозможува општините да трошат повеќе од тоа што трошеле изминативе три години.
Од Владата информираа и за текот и процесот на отворање на центри за ран детски развој. Со овој проект во соработка со УНИЦЕФ, згрижени се 1.245 деца во 19 центри, во 15 општини.
