Мигранти

Пред изборите, Собранието да ја продолжи вонредната состојба на границите

18.12.2019 12:29

Двојно е зголемен бројот на илегални мигранти во Европа годинава. МВР оценува дека и натаму ќе се соочуваме со искушенија на границите со зголемениот број на илегални преминувања. Експертите советуваат пред изборите, Собранието да ја продолжи вонредната состојба на границите кај Гевгелија и Табановце...

Илегалните мигранти ќе бидат искушение и во наредниот период, оценуваат од МВР. Според експертите, пред изборите институциите во државава треба да ја продолжат вонредната состојба за да Армијата остане да помага за обезбедување на границите кај Гевгелија и Табановце.

Регистрирани се над 19 илјади илегални преминувања во Европа во 2019-та, што е зголемување за над 50 проценти во однос на минатата година, оценуваат од ОБСЕ.

За успешно стравување со миграциските бранови потребно е да се користат сите расположливи национални капацитети, да се продолжи соработката со Европската агенција за заштита на границите- Фронтекс и размената на податоци за илегалните мигранти, заклучија учесниците на националната конференција за ЕУ на расправата за поглавјето 24 за безбедноста на границите.

 

Ирина Гелевска