Политика

Формирана коалиција „Никогаш северна- само Македонија“

11.03.2020 15:30

Во коалицијата влегуваат Фронтот за демократска Македонија и Единствена Македонија, ВМРО- обединета и здруженијата Тврдокорни, Унија на Ветерани на ВМРО 1900...

Поништување на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, како и укинување на двојазичноста во земјава се главните заложби на коалицијата „Никогаш северна- само Македонија“ за парламентарните избори. Во коалицијата влегуваат Фронтот за демократска Македонија и Единствена Македонија, ВМРО- обединета и здруженијата Тврдокорни, Унија на Ветерани на ВМРО 1900.

Од Единствена Македонија велат дека ќе водат битка за опстанок на македонскиот народ.

До сега се формирани четири предизборни коалиции за изборите на 12-ти април. Утре е последниот рок за доставување на кандидатските листи до Државната изборна комисија.

 

Игор Панов