За украсување биле потрошени 405.000 евра
Од украсувањето на улиците за новата 2021-ва година се откажале девет општини кои што имале тендери за претходната 2020-та година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава.

За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за новата 2021-ва година се потрошени вкупно 405.000 евра, што е за 40% помалку од лани, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Од украсувањето на улиците за новата 2021-ва година се откажале девет општини кои што имале тендери за претходната 2020-та година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава.
Сите општини кои што имале тендери за украсување и во претходната година, за дочекот на 2021-ва година потрошиле помалку пари отколку лани, освен Општина Битола која за дочекот на годинава ги зголемила трошоците за 26%.
