Економија

Над 3.000 текстилци може да останат без работа

24.03.2021 15:41

Доцнењето на економската помош од петтиот пакет мерки ќе значи ставање клуч дел од текстилните компании и големи отпуштања – велат конфекционерите. Апелираат до пратениците од власта и опозицијата да ги изгласаат мерките за да може да се зачуваат илјадници работни места барем до мај.

Долготрајниот „локдаун“ во Германија го нанесе последниот удар врз македонските текстилни компании ориентирани на лон-производство. Конфекционерите велат, некои договори се раскинуваат, а тие кои остануваат во игра добиваат помалку нарачки.

Нема работа за сите вработени од овој сектор, добар дел од работните места се зачувани благодарение на досегашните владини мерки, велат конфекционерите. Но, доцнењето на последниот пакет ќе резултира со голем број отпуштања.

Црното сценарио е дека наредните месеци дури половина од вработените во тектилниот сектор ќе останат без работа.

Во Штип околу 7.000 лица се вработени во тектилниот сектор, што значи дека над 3.000 може да останат без работа.

Славица Величковска