Грција ги крена рампите за влез на странски државјани
По 13 часот, границата кон Грција отворена и за македонски граѓани со сертификат за примени две вакцини, негативен ПЦР тест или позитивен резултат со антитела. Претпладнево колони возила беа згалавени во меѓупросторот, чекаа формализирање на одлуката за отворање на преминот од страна на грчката влада...

Возилата кои од утрово пристигнаа на граничниот премин „Богородица“ со цел влез кај нашиот јужен сосед, наидоа на спуштени рампи. Одговорот од „Евзони“ беше дека немаат добиено протокол како да ги пропуштаат возилата. Го чекаа официјализирањето од грчките служби.
На македонската граница, службениците бараат само исправни патни документи, додека пак Грците, ќе ги пропуштаат само оние патниви со ПЦР- тест не постар од 72 часа, сертификат за вакцина или потврда за прележана болест.
Патниците кои утрово ги затекнавме на излез од земјава рекоа дека чекаат да се отвори границата. На „Богородица“ беа генерално македонски и српски патници. Дел се откажаа од чекање и се вратија назад. Некои српски возила се упатија кон Бугарија, оти таму за нив е отворена границата.
Неколку минути по 13 часот граничниот премин „Евзони“ ги крена рампите, а патниците продолжија кон нашиот јужен сосед.
Стојне Митева
