Поради пандемијата едно од 10 деца развива анксиозност или депресија
Кризната состојба со пандемијата направи едно од 10 деца да развие анксиозност или депресија. Улиштето им недостасува на младите- речиси 70 насто се изјасниле дека тешко остваруваат комуникација со своите другари. Притисокот од онлајн наставата не падна само на товар врз учениците и родителите- истражување на детската амбасада Меѓаши...

Пет проценти од децата биле целосно исклучени од далечинско учење, немале пристап до компјутер или мобилен телефон, покажало истражувањето на Првата детска амбасада Меѓаши. Дури 68 проценти од младите, кажале дека тешко можат да остварат контакт со своите другари, а тоа предизвикува изолација и осаменост, велат од Меѓаши. Училиштето им недостасува на 65 проценти од децата, не само како образовна и воспитна компонента, туку како место за дружење. Ограничена е нивната слобода, а последиците од пандемијата и далечинското учење, допрва ќе се покажат, велат од Меѓаши.
Притисокот од онлајн наставата не падна само на товар врз децата, туку и врз родителите велат социолозите. Кризната состојба со пандемијата направи едно од 10 деца да развие анксиозност или депресија.
Според социолозите по завршувањето на пандемијата треба да се удри акцент на менталното здравје на децата, идентификување и борба против сајбер насилството.
Александра Спировска
