Македонија

Јавните набавки- генератор на корупција

23.09.2021 16:20

Расте бројот на ревизорски наоди за неправилности при јавни набавки на јавните претрпијатија и акционерските друштва, а како договорни органи не се посветени на тоа да ја пријават корупцијата на која сведочат, велат од Центарот за граѓански комуникации...

Јавните набавки се генератор на корупција, висок ризик да се проневерат народните пари. Преку нив во земјава годишно се трошат близу милион евра, посочуваат експертите. За жал, расте бројот на ревизорски наоди за неправилности при јавни набавки на јавните претрпијатија и акционерските друштва, а како договорни органи не се посветени на тоа да ја пријават корупцијата на која сведочат, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Ревизорите со низа препораки за надминување на лошите состојби. Првиот ревизор нема дилема дека треба да се реагира поенергично.

И Антикорупционерите постојано искажуваат загриженост за корупцијата особено при поголеми тендерски постапки. Во новата преговарачка рамка што ја утврди Европската комисија што важи за нашата земја, јавните набавки односно поглавјето пет , е ставено во првиот кластер на фундаментални сфери.

Самото тоа, според невладините, говори за огромната важност што им се придава на јавните набавки и интегритетот на вклучените во нив.

Фиљана Кока