Прилепскиот Архив слави 66 години со нови ексклузивни документи
Прилепскиот Архив денеска одбележува 66 години постоење на најдобар начин - со нови ексклузивни документи од нашата историја- Илинденскиот период и со раритетни списи од значајни и уметнички семејства. Ова се подароци од приватни архиви, значајни факти за нови архивски и историски истражувања...

Ставре Шапе Здравески од Крушево на Прилепскиот Архив му подари значајни фотографии и документи од својот дедо - учесник во Илинденското востание, меѓу кои е и фотографијата со Горското начелство од времето на Крушевската Република. Се надева дека документите ќе им помогнат на истражувачите да стигнат до нови факти.
На архивот му стигнаа и уникатни документи и скици од уметникот Слободан Михајлоски и документи од турскиот период од семејството Белокапоски.
За 66-годишнината, Архивот е со ексклузивни документи и од првиот истрел на 11-ти октомври ‘41-вата кога започна Народното востание, од народни херои и борци, од прилепската чаршија. За фактите од нашата историја многу е битна довербата кај граѓаните за да ги доверат документите.
За 2022-ра година Архивот подготвува книга за комплетирање на Илинденскиот период.
Елизабета Митреска
