Македонија
18 години затвор за Ангелчо Николов кој прегази 11-годишно девојче во Велес
17.03.2023 12:50
На Николов му е изречена мерка притвор, бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода...

Возачот Ангелчо Николов, кој ја прегази и усмрти 11-годишната Магдалена, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството. Тој доби и забрана за управување моторно возило. На Николов му е изречена мерка притвор, бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода.
Претходно, тој ја призна вината и му се извини на семејството. За судот, немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа, возачот сам се јави во полиција, откога претходно беше во бегство.
