Нови 10 општини ќе бидат дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“
Станува збор за општините Кисела Вода, Студеничани, Градско, Карбинци, Виница, Дебар, Маврово и Ростуше, Гевгелија, Ресен и Ранковце, кои беа избрани преку јавен повик на кој аплицираа вкупно 28 локални самоуправи...
Избрани се нови 10 општини кои во наредните 18 месеци ќе бидат дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“. Станува збор за општините Кисела Вода, Студеничани, Градско, Карбинци, Виница, Дебар, Маврово и Ростуше, Гевгелија, Ресен и Ранковце, кои беа избрани преку јавен повик на кој аплицираа вкупно 28 локални самоуправи.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ се фокусира на неколку компоненти, преку кои се подобруваат капацитетите на општините за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните.
