1.200 домаќинства во Струмица добија канти за селекција на пластика
Околу 1.200 домаќинства од Струмица добија можност за селекција на пластика и лименки. Тие добија канти каде ќе го одлагаат овој отпад кој може да се рециклира. Садовите беа поделени преку проектот „Патоказ за еко паметна општина“, што го спроведува Центарот за климатски промени со поддршка на САД а локалните власти најавија дека селектирањето ќе се прошири на цела територија на Општина Струмица...

Околу 1.200 домаќинства од Струмица, добија канти за селекција на пластичен отпад во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“, што го спроведува Центарот за климатски промени со поддршка од Амбасадата на САД. Со ова се отвора можноста за создавање функционален систем за управување со отпадот во општина Струмица.
Секоја среда Комуналец, ќе го подига отпадот со пластика. Првиот човек на комуналното најави дека во наредниот период селекцијата ќе се прошири и на целата територија на општината.
Градоначалникот на Струмица повика до струмичани да се грижат за новите канти кои ги добија бесплатно но и да бидат внимателни при одлагањето на отпадот.
Проектот „Патоказ за еко-паметна општина“, освен во Струмица се реализира и во други општини како пример за соработка меѓу јавните власти и граѓанските организации за справување со еколошките предизвици.
Ване Трајков
