Извештај

Македонскиот народ е најнесреќен на Балканот

20.03.2023 16:20

Финците се најсреќни во светот. Македонците, најнесреќни во регионот, на 87 место во светот. Ова го покажа објавеното рангирање на земји со најсреќна популација. Индексот се мери според неколку фактори – животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка, степен на корупција. Граѓаните со поделени мислења, премиерот Ковачевски тврди дека работат да обезбедат подобар стандард и подобри услови за живот...

На нашиот народ очигледно не му е потребно многу за среќа, ако судиме по одговорите на дел од граѓаните кои ги анкетиравме за МТВ. Според нив, доволно е да се живи и здрави, а најмногу среќни ги прави семејството. Но, има и такви кои велат - без пари, нема среќа.

Последното истражување на Институтот „Галуп“, со коешто се опфатени 137 земи покажа дека Финците се најсреќни во светот, а Македонците се најнесреќни во регионот. Земјава е на 87 место.

Индексот на среќа се мери според неколку фактори – животниот век, БДП по глава жител, социјална поддршка, степенот на корупција.

 

Александра Велинова