Македонија

Пронајдени двете исчезнати малолетнички

01.04.2023 15:17

По девојчињата, 15- годишната Мелиса и 12- годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, а денеска биле пронајдени од полициски службеници од станицата Бит Пазар.

Денеска во 13 часот и 30 минути, на улицата „Џон Кенеди“ во близина на паркот во Чаир се пронајдени двете малолетнички, кои беа пријавени за исчезнати. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.

По девојчињата, 15- годишната Мелиса и 12- годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, а денеска биле пронајдени од полициски службеници од станицата Бит Пазар.

Нивното исчезнување предизвика голема возмениреност во јавноста, откако семејства во очај упатија апел до граѓаните да се вклучат во акцијата за нивно пронаоѓање.