Презентирани обичаите и традиции поврзани со Ѓурѓовден
Во организација на здружението Струма презентирани струмичките обичаи и традициите поврзани со празникот Ѓурѓовден. Сите што учествува на манифестацијата апелираа да се чуваат овие обичаи пред сè од младите генерации бидејќи народ без традиции нема свој идентитет …

Млади девојки облечени во народни носии пееја песни, плетеа цветните венчиња и се лулаа на нишалка. Тоа се дел од обичаите во Струмица за Ѓурѓовден кои ги негува Здружението Струма и семејството Лазарови, традиција која според нив не треба да згасне. Тие сакаат Ѓурговден да се слави како како празник на новиот почеток и новата среќа.
Речиси сите присутни плетеа венчиња кои сметаат дека треба да носи здравје и бериќет, а членовите на КУД Св. Кирил и Методиј само ја надополнија традицијата. Сите апелираа дека не треба да се заборават овие обичаи.
Ѓурѓовден се смета за најголем пролетен празник кој го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија бидејќи со овој ден се буди природата и животот воопшто.
Ване Трајков
