Струмица

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

28.06.2023 10:16

Едно лице загина во сообраќајка што се случи вечерва околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село...

Едно лице загина во сообраќајка што се случи вечерва околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село.

Од СВР Струмица информираат дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“ и дека полицијата го обезбедува местото на несреќата и се чека да заврши увидот на јавен обвинител.

Според информации од струмичката болница, околу 22 часот таму бил донесен починат маж на 47 годишна возраст-возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.

Сообраќајот на овој патен правец се пренасочува преку селото Сачево.