Конкурс за избор на музички композиции за фестивалот „Скопје 2014“

27.05.2014 15:25

 

КОНКУРС
 
              ЗА ИЗБОР НА МУЗИЧКИ КОМПОЗИЦИИ ЗА ФЕСТИВАЛОТ „СКОПЈЕ 2014“

 

·         Македонската Радио Телевизија, распишува конкурс за избор на оригинални необјавени современи авторски композиции, кои ќе бидат изведени во придружба на Ревискиот оркестар на МРТ, на Фестивалот  “Скопје 2014”, кој ќе се одржи на 13 ноември 2014 година.

·         Конкурсот трае од 26 мај до 15 јули 2014 година.

·         Кон уредно пополнетата пријава за секоја композиција, неопходно е да се достават и изјави за согласност и тоа поединечно за секој од членовите на авторско - изведувачкиот тим .

·         Бланко примероци од овие изјави, може да се преземат на: www.mrt.com.mk/prijava SK2014.

Потребно е да се приложи демо снимка на аудио ЦД или во WAV формат.

Демо снимката треба да содржи вокална линија, изведена од страна на предложениот интерпретатор, придружувана со хармонска подлога од најмалку еден полифон инструмент (пијано или гитара). 

Снимката треба да е квалитетно изработена, а вокалната линија и хармонијата треба да се разбирливи.

Потребно е да се приложи отпечатен текст во три примероци.

Текстот треба да биде на македонски јазик.

Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2014, го задржува правото на интервенции во мелодијата, хармонијата и текстот, доколку стручниот одбор на фестивалот одлучи дека е потребно. 

Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2014, го задржува правото на избор и промена на аранжер и изведувач за секоја од композициите, а во согласност со авторскиот тим.

·         Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување, пренесување на право на аранжирање, снимање, издавање, радиодифузно емитување и реемитување на композициите кои ќе бидат изведени на фестивалот.

·         Право на учество на конкурсот, имаат сите државјани на Република Македонија, како и автори и изведувачи вон Република Македонија - со напомена дека  текстовите на композициите мораат да бидат на македонски јазик.

·         На Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2014, композициите ќе се изведуваат на Македонски јазик.

·         Секоја композиција која што ќе биде избрана на овој конкурс, ќе добие финансиски   надомест  од по 60.000,00 денари, наменети за комплетниот авторско - изведувачки тим.

·         Фестивалот Скопје 2014 ќе биде со натпреварувачки карактер. Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 1.200.000,00 денари , второпласираната композиција со награда од 600.000,00 денари и третопласираната со сума од 300.000,00 денари. За трите првопласирани композиции Македонската Радио Телевизија ќе изготви и видео спотови.

·         Распределбата на средствата за обесштетување на композициите, како и паричните награди за трите првопласирани композиции, ќе ја врши застапникот на авторско - изведувачкиот тим, кој претходно ќе биде назначен од членовите на тимот.

·         Авторско – изведувачкиот тим е должен да достави изјава за согласност на претходно договорениот начин на распределување на средствата за обесштетување на композициите и наградите. Оваа изјава треба да е нотарски заверена  и потпишана од страна на сите членови на тимот.

·         Пријавата со демо снимката на ЦД, во затворен коверт се испраќа по пошта на адреса: МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА НА МРТ  со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2014

Бул: Гоце Делчев б.б. 1000 Скопје, Р.Македонија, или се доставува во архивата на ЈП МРТ.

·         МРТ го задржува правото на нарачки на композиции.

·         Материјалите кои што нема да бидат избрани на овој конкурс, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.   

Поради периодот на летните одмори, конкурсот за аплицирање за учество на Скопскиот фестивал кој беше отворен до 15-ти јули, ќе биде продолжен до 31 јули 2014-та година.