Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот.
-
Култура 16.02.2026 10:07
-
Култура 14.02.2026 12:08
Струмичани ги спремаат маските за годинашниов карневал
Членовите на „Мулен Руж“ Струмица ги правеа последните подготовки на својата маска со која ќе учествуваат на струмичкиот карневал. Во мал простор се собираат секоја вечер и секој костим рачно го изработуваат работи. Ќе бидат кентаури.
-
Култура 12.02.2026 20:51
Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ на СНГ гостува во МНТ
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.
-
Култура 12.02.2026 10:54
Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмски театар
Драмски театар утре во 20 часот на Малата сцена ќе ја изведе премиерата на монодрамата „Драми на принцезите – Џеки“, во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на театарот.
-
Култура 10.02.2026 12:47
Традиционален концерт на Филхармонија по повод Денот на вљубените и виното
Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика.
-
Култура 10.02.2026 11:55
Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари
На веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година.
-
Култура 10.02.2026 10:48
Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #5“ во рамките на 6. Скопски поетски фестивал
Петта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 30 години, коишто со својата поезија ќе се претстават на 12 март, со почеток во 20 часот, во Скопје.
-
Култура 09.02.2026 10:18
Се подготвува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година.
-
Култура 08.02.2026 19:08
„Матица македонска“ со иницијатива „Подари книга, подари свет“
Вчера, „Матица македонска“, во рамките на одбележувањето на 35-годишнината од своето постоење ја почна иницијативата „Подари книга, подари свет“. До 14 февруари, во книжарницата на „Матица“ и онлајн ќе трае Седмицата на дарувањето, под мотото „Подари книга, подари свет“.
-
Култура 06.02.2026 20:29
МНТ ја продолжува јубилејната прослава со меѓународни гостувања
Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето.










