На 27 септември, во Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе се одржи изложбата на познатата уметница Шејла Камериќ.
Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ.
На 27 септември, во Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе се одржи изложбата на познатата уметница Шејла Камериќ.
Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ.
Двата најпознати македонски музички бренда, врвот над врвовите, Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл Танец, вечерва во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл.
Домашните експерти од денеска, а од ноември и грчки експерт ќе ја согледуваат состојбата во која е црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 12-ти век во манастирот Трескавец. Научниците неодамна предупредија- влагата неповратно ќе уништи непроценливо наше, и светско културно богатство.
Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.
По пет години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската пр
Вечерва, со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Фестивалот е во организација на дискографската куќа „ПМГЏез“.
Уметниците во музејот, археолошките наоди на увид, креативна работилница, историски споменици, едукација за заштита на недопирливото културно наследство. Прилепскиот завод и музеј ја почна европската недела на културното наследство со четири големи проекти.
Денес во Музеј на РС Македонија со отворање на изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“ започна традиционалната манифестација „Европски денови на културно наследство“.
На 23 септември 2022 во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се отвори изложбата Ретро: телесни ретроспективи на уметницата Јана Јакимовска. Изложбата е со мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе рецентни периоди од нејзиното творештво.
Во Кабинетот на претседателот беше отворена изложбата „Зад Македониумот“ – скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од нашите најпознати споменични обележја, Македониумот во Крушево.