„Кармина Бурана“ на Карл Орф во изведба на светски познатиот ансамбл од Шпанија „Ла Фура Делс Баус“ ќе го отвори 55-то јубилејно издание на престижниот фестивал „Охридско Лето“. 12-ти јули е терминот кога во Античкиот Театар ќе се разлеат звуците на познатата кантата.
-
Култура 09.07.2015 16:13
-
Култура 08.07.2015 14:52
Македонската филхармонија со богата програма во новата концертна сезона
Македонската филхармонија најавува богата и атрактивна програма која што ќе ја краси новата концертна сезона 2015/2016 година. -
Култура 07.07.2015 14:42
Почна 54-от „Балкански фестивал на народни песни и игри“
Националниот ансамбл „Танец“ синоќа го отвори 54-тото издание на една од најстарите фолклорни манифестации во регионот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
-
Култура 07.07.2015 11:32
До крајот на годината, македонската книжевност ќе биде претставена во Франкфурт, Софија и Истанбул
Со поддршка на Министерството за култура, до крајот на годинава македонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Софија и на саемот во Истанбул.
-
Култура 06.07.2015 12:58
Конзервација на бедемот на археолошкиот локалитет Баргала
Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип.
-
Култура 05.07.2015 13:21
Пијано концерт и два филма на „Скопско лето 2015“
Во рамки на „Скопско лето 2015“ вечер во салонот „Kаваи“ во населбата Аеродром ќе биде одржан Хаус концерт бр. 1 „Француско-шпански ароми“ на пијанистката Елена Kостовска.Концертот почнува во 20:30 часот, а на програмата се дела од Купери, Дебиси, Шопен и др. -
Култура 03.07.2015 10:38
Почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп
Продолжува зачувувањето на изворниот македонски фолклор. Денес и утре во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе одекнат изворните песни и инструменти- тапанот, гајдата, кемането, зурлата. По 41 пат се одржува фестивалот „Пеце Атанасовски“.
-
Култура 02.07.2015 14:54
Познати младенците на 42-та Галичка свадба
Билјана Гегоска и Филип Белчев се годинашните невеста и зет на атрактивната вековна галичка свадба. На 11-ти јули ќе одекнат зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на Петровденската традиција.
-
Култура 01.07.2015 15:32
„Травијата“ бесплатно во МОБ за крај на оперската сезона
Македонската опера и балет ќе ја заврши оперската сезона на 4 јули со најизведувана и најпопуларна претстава „Травијата“ која ќе биде бесплатна за посетителите.Претставата е во режија на Нина Најденова од Бугарија, диригент е Дејан Савиќ од Белград. -
Култура 01.07.2015 10:48
Почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“
Со ексклузивната изложба на фотографии со Дејвид Боуви, вечер почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Во текот на 5-те фестивалиски денови ќе бидат прикажани 13 филмови. Манифестацијата е дел од „Скопско лето 2015-та“.









