На 16.05.2025 во 02.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од
-
Македонија 16.05.2025 12:49
-
Македонија 16.05.2025 12:37
Мицкоски: Се враќа надежта за економијата
Македонските граѓани живеат тешко како и сите во регионот, но разликата од пред една година е што конечно се враќа надежта дека може да не биде, изјави премиерот Мицкоски во интервју за „Еуроњуз“ осврнувајќи се на економската ситуацијата во земјата.
-
Македонија 16.05.2025 12:07
Доставен обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми, што почина во кумановската болница
Институтот за судска медицина до кумановското Јавно обвинителство го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, извести обвинителството.
-
Македонија 16.05.2025 10:35
Поднесено обвинение за силување
Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 16.05.2025 10:14
„Кој е следен?“ - перформанс пред ОЈО
Движењето „Кој е Следен?“ точно напладне пред Јавното обвинителство ќе изведе симболичен перформанс за оддавање почит за, како што велат, сите жртви на системската корупција во земјата.
-
Македонија 16.05.2025 09:27
Самит на европската политичка заедница
Во Тирана, 6-ти Самит на европската политичка заедница. Лидерите на 47 европски земји, меѓу кои и премиерот Мицкоски, ќе дискутираат за безбедноста, одбраната и демократските стандарди, во контекст на војната во Украина.
-
Македонија 16.05.2025 08:57
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.05.2025 08:39
Во Tетовскиот суд треба да биде изречена пресудата за пожарот во модуларна
Во Tетовскиот суд треба да биде изречена пресудата за пожарот во модуларната болница, во кој животот го загубија 14 пациенти. Им се судеше на поранешните директори и на болницата како правно лице.
-
Македонија 16.05.2025 08:30
Средба Сиљановска Давкова - Кошта
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција.
-
Македонија 16.05.2025 08:30
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег.










