Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која ги информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се поништува изборот од 2023 година на уставната судијка Елизабета Дуковска
-
Македонија 19.05.2025 08:49
-
Македонија 19.05.2025 08:30
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 19.05.2025 08:27
Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка
Шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка, ден пред закажаната седница на Собранието во вторник.
-
Македонија 19.05.2025 08:22
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
-
Македонија 18.05.2025 17:12
Мицкоски најави промени во Владата и партијата
Мицкоски најавува чистка во редовите на владата и во партијата. Ќе се случат кон крајот на годината по редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ каде членството треба да избира нов лидер. Порача дека повеќе место нема да има за оние кои ќе ги разочараат граѓаните.
-
Македонија 18.05.2025 16:08
8-ма Меѓународна конференција на проценувачи
Инфлацијата, војните, немирите и вештачката интелигенција се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава.
-
Македонија 18.05.2025 15:25
Висок напон предизвикал дефект, поголем дел од Македонија остана без струја
Високите напони во електродистрибутивната мрежа причина поголем дел од земјава да остане без струја, велат од МЕПСО. Појаснуваат дека ова е европски и регионален проблем со кој се соочуваат сите преносни системи поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија.
-
Македонија 18.05.2025 14:18
Регистриран земјотес во Македонија
Во охридско-струшкиот регион регистрирани два последователни земјотреси со епицентри во подрачјето Пештани-Охрид – Струга.
-
Македонија 18.05.2025 10:27
Семејното насилство зема замав
По шест години психичко, физичко и финансиско насилство, 38 годишната битолчанка, откако добила закана по својот живот, решила помош да бара преку институциите. Била принудена заедно со своите две малолетни деца, да го напушти сопствениот дом, за кој како што вели самата го отплаќала кредитот.
-
Македонија 18.05.2025 09:34
Голем дел од Македонија остана без струја
Голем дел од Македонија во изминатата ноќ остана без електрична енергија. Од ЕВН велат дека станува збор за голем дефект.
Струја нема во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово.










