Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Шеста сабота по ред долга поворка на блиски на жртвите од трагедијата во Кочани го одат „маршот за ангелите“ за да ја споделат тагата и да се изборат за правда. Кочанчани бараат правда за жртвите, но и квалитетно лекување на повредените.
Во пресрет на летото кога се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор, а со цел да не се повторни состојбата од лани, со големите пожари, кои беснееја во НП Галичица и на Илинска планина, во охридскиот регион силно се работи на превенција.
Алијанса за Албанците не е навикната да биде само декор во владата, затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните – Арбен Таравари ги појасни причините за неговото заминување од Владата.
30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето. Потребно е навремено препознавање, состојбите можат да се продлабочат, сметаат надлежните.
Општина Дојран преку ЈП „Тауријан“ почна да ги реализира рутите за посети на културно историските и природни убавини на ова туристичко место.
Идната недела се очекуваат првите резултати за истрагата во Кочани. Од Обвинителството велат дека продолжуваат со распит и вештачења, но јавно ги повикуваат и сите граѓани кои имаат какви било информации за трагедијата во дискотеката пулс да бидат споделени со тимот на Обвинителството.
Ова е само дел од секојдневието на припадниците на езерската полиција кои покрај за заштитата на македонските територијални води во Охридското Езеро, се гарант на безбедноста во вода, на пловните објекти и луѓето што пловат во нив, но и на капачите.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телеко
Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.