Кавга за патни трошоци на пратеници од собраниска сала, се пресели низ ходниците во парламентот. Нетрпението помеѓу народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и на Левица, Димитар Апасиев ескалирало во инцидент.
-
Македонија 15.05.2025 16:30
-
Македонија 15.05.2025 16:20
Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ
Нова посета на претседателот на Европскиот совет, остануваат старите позиции. ЕУ очекува Македонија да го испорача прифатеното од преговарачката рамка и да направи уставни промени за да продолжи напред на евроинтегративниот пат.
-
Македонија 15.05.2025 16:01
457 загинати во сообраќајни несреќи за четири години
Отсуство на национална стратегија, недоволно квалификуван кадар, нецелосна искористеност на потенцијалот што го нуди системот „Безбеден град“. Ова се дел од забелешките што ги нотира државниот ревизор во последниот извештај.
-
Македонија 15.05.2025 15:33
Меѓународен собир на тема „Јазикот во медиумите“
Мора да се внимава на правилната употреба на македонскиот јазик, не смее да дозволиме да се провлекуваат грешки, велат од Институтот „Крсте Мисирков“.
-
Македонија 15.05.2025 14:57
Муцунски на неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски во Анталија, Турција, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
-
Македонија 15.05.2025 13:59
Одбележан Меѓународниот ден на семејството
Емоционалната поврзаност во семејството е особено важна, велат психолозите. Семејствата се соочуваат со разновидни предизвици, зголемен е бројот на разводи.
-
Македонија 15.05.2025 13:28
За три години, 457 жртви во сообраќајот
Државната ревизија откри алармантни податоци за бројот на сообраќајни несреќи. Последниот извештај за периодот 2020-2023 година покажува дека повеќе од 450 луѓе загинале во речиси 32 илјади сообраќајни несреќи. Мерките кои ги преземаат надлежните институции не се ефикасни.
-
Македонија 15.05.2025 13:24
18 министри за здравство од осамостојувањето до денес
Арбен Таравари, Илир Демири, Фатмир Меџити, Беким Сали, Венко Филипче – како на филмска лента изминативе години се менуваа раководните луѓе во Министерството за здравство. Овој ресор, како по некое непишано правило го следат чести смени на раководните кадри. -
Македонија 15.05.2025 13:16
Министерот Таравари поднесува оставка
Арбен Таравари го напушта кормилото во Министерството за здравство. Поднесува оставка од функцијата. Ова следува откако крилото на Алијансата коешто тој го предводи одлучи да оди во опозиција.
Известува Миле А. Ристески.
-
Македонија 15.05.2025 13:14
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје на средби со државниот врв
Турнејата низ Западен Балкан го доведе претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје. Кошта дава охрабрување и поддршка за евроинтегративниот процес, премиерот Мицкоски ги изнел нашите позиции за уставните измени и немањето сигнали за промена на однесувањето на Бугарија.










