По година и пол затвор им досуди Тетовскиот суд на Флорим Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница. Како медицински и економски директор требало да постават противпожарна опрема во објектот, но тоа не го сториле.
-
Македонија 16.05.2025 16:42
-
Македонија 16.05.2025 16:26
„Вреди“ со полна пареа во преговори
Новиот министер за здравство ќе се знае во вторник. До Парламентот засега нема поднесено нови оставки од други министри. Вицепремиерот Меџити уверува дека владиното мнозинството е стабилно и со заминувањето на Таравари имаат 13-14 пратеници.
-
Македонија 16.05.2025 16:12
Во Кривичниот суд во Скопје ново рочиште за двојното убиство, Обвинителството достави дополнителни докази
Обвинетите однапред се подготвувале да извршат убиство, а не само грабнување на детето Вања Ѓорчевска, ова Обвинителството го поткрепува со видеоматеријалот од безбедносниот систем на Манев, кој веќе беше изведен пред судот.
-
Македонија 16.05.2025 15:12
Доцни хормонската терапија за онколошките пациенти
Во административни процедури е заглавена таблетарната хормонска терапија која болните од рак на дојка требаше да ја подигнуваат од аптека. За да земат лек кој ќе им биде доволен за еден месец, треба да дојдат до Клиниката за онкологија, проблем за пациентите од внатрешноста.
-
Македонија 16.05.2025 14:26
Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
-
Македонија 16.05.2025 14:02
МВР: 2.018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена
Во изминативе три дена (13./14./15.05.2025) во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од коишто во најголем број, односно половината
-
Македонија 16.05.2025 13:29
Средба Муцунски - Рајсингер
Во посета во Македонија е шефицата на австриската дипломатија Беате Мајнл-Рајсингер, која оствари средба со македонскиот колега Муцунски. На маса на двете делегации се поддршката за македонската интеграција во Европската унија, но и клучни регионални и глобални прашања. -
Македонија 16.05.2025 13:26
Меџити: Владата има стабилно мнозинство
Името на идниот министер кој ќе го замени Таравари сè уште е во тајност. Вицепремиерот Меџити вели дека преговорите течат, идната недела ќе биде познато кој ќе седне на чело во секторот здравство.
Известува Александра Велинова.
-
Македонија 16.05.2025 13:24
Продолжува доказната постапка за двојното убиство
Во Кривичниот во Скопје ново рочиште за двојното убиство. На денешното рочиште се очекува да заврши доказната постапка. Што се случуваше денеска во Кривичниот суд?
Игор Панов известува.
-
Македонија 16.05.2025 13:15
Пресуда за пожарот во модуларната болница
Медицинскиот и економскиот директор на Клиничката болница во Тетово добија по година и половина казна затвор. Ова е одлуката на Тетовскиот суд кој по втор пат носи пресуда за трагедијата во модуларната болница која изгоре во 2021 година, а со неа и 14 лица.










