СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
-
Македонија 11.04.2025 20:24
-
Македонија 11.04.2025 19:57
Приведен крадец од дојранско, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците
На 10.04.2025 во 15.45 часот во село Црничани, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани. Тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран.
-
Македонија 11.04.2025 19:35
Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателката, на којашто присуствуваа основци и претшколски деца
Денешни гости во претседателскиот Кабинет беа учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром и децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода.
-
Македонија 11.04.2025 19:19
Божиновска - Суперти: Динамична соработка меѓу Македонија и Европската комисија
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан (ENEST. B), Генерален директорат за соседство и проширување (DG NEAR), Европска комисија.
-
Македонија 11.04.2025 19:00
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.
-
Македонија 11.04.2025 18:47
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
Вчера во Скопје од слобода биле лишени З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.
-
Македонија 11.04.2025 18:26
Tетово доби нов современ спортски центар
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пушти во употреба новиот спортски центар што се наоѓа во склоп на ОСМУ „Никола Штејн“ во Тетово.
-
Македонија 11.04.2025 17:56
3,7 милиони евра за еколошки проекти
Општини и граѓански организации ќе може да аплицираат со еколошки проекти. Владата одвои 3,7 милиони евра за здрава и чиста животна средина, преку програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година на Министерството за животна средина.
-
Македонија 11.04.2025 17:27
Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец ГП Блаце – скопска обиколница
Утре во 11.00 часот на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“.
-
Македонија 11.04.2025 17:04
Штетните наративи во секојдневието
Пцости, навреди, црна кампања. Политичарите со штетни наративи најчесто се служат во предизборието, а најмногу ги користат опозициските партии, покажа истражувањето на Институтот за комуникациски студии. Целта е граѓаните да гласаат водени од емоции и гнев, а партиите да добијат политички поени.










