Народниот правобранител изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, каде при одржување на концерт, во објект кој ни најмалку не наликува на дискотека, животот го загубија 59 лица, од кои најголемиот дел деца и млади.
-
Македонија 17.03.2025 14:20
-
Македонија 17.03.2025 13:59
Хоспитализираните во Софија се во тешка состојба, а дел од пациентите треба да одат во Хрватска
Вкупно осум пациенти, повредени во пожарот, се хоспитализирани во универзитетската болница „Пирогов“ во Софија. Сите се во тешка состојба. Меѓу нив има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се на возраст од 22 до 31 година.
-
Македонија 17.03.2025 13:48
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите
Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.
-
Македонија 17.03.2025 13:45
Мицкоски и Таравари во посета на повредените
84 пациенти од трагичниот настан во Кичево се во Скопје, до крајот на денот уште 26 ќе се испратат на лекување во други држави. Во Македонија ќе останат 58 пациенти.
-
Македонија 17.03.2025 13:42
Средношколците од Штип се збогуваат со своите соученици
Соучениците на жртвите во трагедијата во Кочани се збогуваат со нивните другари. Славица Величковска известува од Штип.
-
Македонија 17.03.2025 13:37
Продолжува истрагата за трагедијата, приведените на распит
Во дискотеката немало хидрантска мрежа, ниту доволно противпожарни апарати, незаконски биле користени пиротехнички материјали. Продолжува истрагата за трагедијата. Обвинителскиот тим е проширен на вкупно 9 обвинители, се проверуваат сервери и потписи во Министерството за економија.
-
Македонија 17.03.2025 13:16
Тошковски категоричен- правда ќе има!
Сè уште трае распитот на осомничените за трагедијата во Кочани. Меѓу нив е и екс-министерот за економија, Крешник Бектеши. Приведен е и сопственикот на дискотеката, припадници на обезбедувањето, пазарни и трудови инспектори.
-
Македонија 17.03.2025 12:45
МВР: Викендов 131 возачи „паднаа“ на алкотест
Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16.
-
Македонија 17.03.2025 12:42
Повредените на лекување во Турција и Србија
Деветмина од повредените се пренесени во болница во Турција. Тројца се хоспитализирани во Истанбул, шестмина се третираат во Анкара. Уште девет пациенти се во Ургентниот центар на Србија, а тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија.
-
Македонија 17.03.2025 12:32
Повредени пациенти од Кочани префрлени во Белград
Девет пациенти кои се здобија со тешки телесни повреди во пожарот во Кочани, се хоспитализирани во Ургентниот клинички центар на Србија, додека седум пациенти се примени на Воената медицинска академија (ВМА).










