Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот, вели шефот на дипломатијата Муцунски. Посочи дека станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба.
-
Македонија 07.03.2025 16:40
-
Македонија 07.03.2025 16:31
МВР: 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
Вчера во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од стр
-
Македонија 07.03.2025 16:22
Коцевски и натаму тврди дека не сторил тешка дисциплинска повреда
Државниот обвинител Љупчо Коцевски и натаму опстојува на ставот дека не сторил тешка дисциплинска повреда поради што Владата сака да го разреши. Откако го доби предлогот за негова смена, тој најави дека за кратко ќе се произнесе по сите точки од документот.
-
Македонија 07.03.2025 16:10
Потврда на македонските позиции, се бараат гаранции за договор со Софија
Надворешната политика на Македонија се води врз основа на стратешкото партнерство со САД и евроинтеграцијата. Затоа, правилна беше одлуката за поддршка на американската резолуција за Украина во Обединетите нации, чиј коспонзор беше Македонија, сметаат шефот на дипломатијата и премиерот.
-
Македонија 07.03.2025 14:45
Комбинаторики за локалните избори
„Венко Филипче е можеби еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ“, ова е одговорот на премиерот Мицкоски дали на локалните избори би коалицирал со СДСМ во некои општини.
-
Македонија 07.03.2025 14:40
Социјалните работнички го трансформираат животот на жените и ја помагаат нивната економска независност
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со UN Women Северна Македонија, организираше панел-дискусија со наслов „Трансформативната моќ на социјалните работнички“ по повод одбележувањето на „8 Март“ – Меѓународниот ден на жената.
-
Македонија 07.03.2025 14:22
Во Драчево започна реконструкцијата на коритото на реката Мала Рада
Во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ кои ги организира Министерството за локална самоуправа, делегација на Владата на Република Македонија присуствуваше на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во село Драчево, О
-
Македонија 07.03.2025 13:17
Стратешко партнерство со САД, членство во ЕУ
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, на брифинг со медиумите. Убеден е дека земјава правилно постапила со поддршката за американската резолуција за Украина. Јакнат односите со Вашингтон. Има подготвеност за договор со Бугарија, но се бараат гаранции.
Ирина Гелевска известува од МНР.
-
Македонија 07.03.2025 13:12
Ново рочиште за двојното убиство
Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. На потег е одбраната на обвинетите, чијшто распит треба да почне на следното рочиште.
Андријана Ѓурческа известува.
-
Македонија 07.03.2025 13:10
Коцевски: Нема основ да ме разрешат
Обвинителствата се соочуваат со недостиг од кадар. Дупката ќе се пополнува со 47 нови обвинители. Паралелно, тече и рокот до кога Советот треба да се произнесе по предлогот за разрешување на Коцевски.
Анита Димитријевска-Велковска известува од Советот на јавни обвинители.










