23-те факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ треба да ги објават конечните ранг-листи за примените бруцоши во академската 2026/2027 година од првиот уписен рок. Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември.
-
Македонија 27.08.2026 11:51
-
Македонија 27.08.2026 10:42
Изминатите три дена 1.621 сообраќајни прекршоци
Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.621 издадени платни налози, 456 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почит
-
Македонија 27.08.2026 10:18
Педлог-националната стратегија за безбедност на патиштата пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност
Пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, предлог-национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година. Владата ја утврди на седницата, одржана на 28 јули.
-
Македонија 27.08.2026 09:32
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 27.08.2026 08:51
Продолжува борбата со пожарите на неколку локации
Според Центарот за управување со кризи на територијата на Македонија во изминатово деноноќие регистрирани се 19 пожари. Од нив 5 се активни, 3 се под контрола и 11 се изгаснати.
-
Македонија 27.08.2026 08:36
Денеска седници на повеќе собраниски комисии
Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области.
Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 27.08.2026 08:19
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 26.08.2026 19:11
Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија
Во Гевгелија е отворен Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење, кој ќе обезбедува социјална поддршка, дружење и различни активности за лица над 65 години. Центарот има капацитет за 50 корисници и ќе работи пет дена во неделата.
-
Македонија 26.08.2026 18:43
Депонијата „Буково“ еден од најголемите еколошки проблеми во охридскиот регион
Пожарите го загадуваат воздухот, а последиците директно се одразуваат врз здравјето на луѓето. Во охридскиот регион, еден од најголемите еколошки проблеми е депонијата „Буково“, која постојано тлее и чади, а неодамна повторно беше опожарена.
-
Македонија 26.08.2026 18:32
12 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, меѓу нив и двајца малолетници
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување со возило“.










