Македонија работи на реформската агенда до 2028-та, критериумите за членство во Европската унија, сè уште не се дефинирани, вели вицепремиерот за европски прашања.
-
Македонија 26.08.2026 14:31
-
Македонија 26.08.2026 14:04
Водно доби нов моторички парк – од паднатите дрвја создадена нова вредност за граѓаните
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.
-
Македонија 26.08.2026 13:48
Претрес во струмичко: Пронајдена марихуана и канабис, приведени две лица
На 25 август во 17 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско.
При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и стебло од растението канабис.
-
Македонија 26.08.2026 13:08
Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“
Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за екс-премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот „Талир 2“. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ си го враќа имотот на партиското седиште, вреден 14 милиони евра, како и имот во вредност од околу два милиони евра, кој со години беше замрзнат.
-
Македонија 26.08.2026 12:46
Тошковски: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
Миграцијата и граничната безбедност се заеднички европски предизвици, а земјите од Западен Балкан мора да преминат од декларации кон конкретни механизми за соработка, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции во Скопје.
-
Македонија 26.08.2026 12:29
Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“
Почнува чествувањето на скопјанката Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја по повод 116 години од нејзиното раѓање и 10 години од нејзиното прогласување за светица.
-
Македонија 26.08.2026 10:52
Продолжува судењето за случајот „Онкологија“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози се обвинети за несовесно лекување пациенти.
-
Македонија 26.08.2026 10:33
31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие – три активни, четири под контрола
Три пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека четири се под контрола, информира Центарот за управување со кризи. Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар, од кои 24 се целосно изгаснати.
-
Македонија 26.08.2026 10:18
Шест нови случаи на западнонилска треска во еден ден
Шест нови случаи со западнонилска треска се регистрирани во Македонија за еден ден. Петмина инфицирани се од Скопје, од кои тројца од Гази Баба сите на возраст над 70 години, еден од Зелениково кој има 26 години и еден од Аеродром на возраст од 59 години.
-
Македонија 26.08.2026 09:11
Седници на неколку комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и за европски прашања, како и Буџетскиот совет.










