Во летниот период низ градот можат да се сретнат туристи од различни земји. За дел од нив Битола е задолжителна попатна станица, но не и крајна дестинација. По неколку часовно разгледување, најголем дел од нив го продолжуваат своето патување во други градови.
-
Македонија 16.08.2026 15:49
-
Македонија 16.08.2026 15:00
Драстично намалени пчелните приноси
Наместо полни кошници – празни пчеларници. Годинава пчеларите се соочуваат со драматично намалено производство. Според нив, ова е една од најлошите сезони во последните две децении.
-
Македонија 16.08.2026 14:26
Во Струмица музичка концертна вечер за 35 години независна Македонија
Цели четири часа уживаа посетителите во Струмица во хитовите на Синтезис, Мизар и Меморија бендови кои оставија силна трага во македонската музика.
-
Македонија 16.08.2026 13:47
Инсистирам да се објави извештајот за квалитетот на водата во Гостивар, вели Мицкоски
И јас инсистирам да се објави извештајот за квалитетот на водата во Гостивар, вели премиерот Христијан Мицкоски кој не ја исклучи можноста, истрагата на Обвинителството да се прошири и кон други лица кои придонеле за загадувањето на водата во градот.
-
Македонија 16.08.2026 12:25
Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Скопје
Зголемен бројот на заболени со западнонилска треска во Скопје. Со три нови потврдени случаи бројката се искачи на 34 вирусот детектиран и кај жител од Арачиново.
-
Македонија 16.08.2026 10:15
ЦУК: Активни се шест пожари, еден е под контрола
Центарот за управување со кризи информира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор.
Од нив, активни се шест, под контрола е еден пожар, додека 22 пожари се изгаснати.
-
Македонија 16.08.2026 09:31
Зголемен сообраќаен интензитет низ земјава, најдолго се чека на ГП „Богородица“
Зголемен сообраќаен интензитет е регистриран на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.
-
Македонија 16.08.2026 08:27
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 15.08.2026 20:13
Свечено пуштена во употреба новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор
Учениците од подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор од денес добија современ затворен спортски објект каде што ќе можат непречено да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, да спортуваат и да се развиваат.
-
Македонија 15.08.2026 19:42
Воведена е забрана за употреба на водата во Демир Капија
Гостиварци добија вода, но во Демир Капија е воведена е забрана за употреба на водата – не за пиење, ниту за готвење, предупредија општинските власти. Одлуката е донесена поради различните резултати од анализите на водата во различни денови на исто мерно место.










