Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј предлог-дневен ред, покрај постапувањето по конкретни предмети, се и извештаите од спроведената антикорупциска проверка на легислативата.
-
Македонија 09.10.2024 08:45
-
Македонија 09.10.2024 08:37
Во Собранието седници на четири комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија, Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 09.10.2024 08:34
Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
-
Македонија 09.10.2024 08:33
УКИМ ќе презентира дигитална платформа за транскрипција на говор на македонски јазик
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе презентира нова дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“.
-
Македонија 09.10.2024 08:31
Министерката Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на дигитализација на високото образование
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на конференција посветена на дигитализација на високото образование, што ќе се одржи денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во ИННОФЕИТ – Скопје.
-
Македонија 09.10.2024 08:30
Времен режим на сообраќај на патот Велес-Неготино, автопатот Скопје-Куманово кај Бунарџик и делница Демир Капија-Смоквица
Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново.
-
Македонија 09.10.2024 08:17
Денеска Уставниот суд ќе одлучува за „Балансерот“
Уставниот суд денеска на седница треба да донесе конечна одлука по предлогот за оценување на уставноста и законитоста на „Балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.
-
Македонија 09.10.2024 08:13
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 09.10.2024 08:08
Променливо облачно со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
-
Македонија 08.10.2024 20:43
ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа
ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.










