-
Македонија 30.06.2024 17:42
СДСМ денеска гласа за нов претседател на партијата
Гласаат над 23 илјади членови на 77 места. Во трката за челната позиција се Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски. Славјанка Петровска ја повлече кандидатурата поради сомнежи за нерегуларности. -
Македонија 30.06.2024 16:22
ЦУК: Пожарот кај Василево е уште активен, се гаси со хеликоптер
Со полициски хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, информираат од ЦУК.
Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи вода кон опасниот крак.
-
Македонија 30.06.2024 14:42
Премиерот Мицкоски објави нов финансиски план за развој на општините
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Овој план е дел од напорите на Владата да ја подобри инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.
-
Македонија 30.06.2024 13:36
Избор на претседател на СДСМ
Социјалдемократите избираат претседател на партијата. Над 23 илјади членови на 77 места ќе го дадат својот глас за нов лидер. Во трката за челната позиција се Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски. -
Македонија 30.06.2024 12:55
Реакции за пописот во Албанија
Резултатите од пописот во Албанија се катастрофални за Македонците што живеат таму и претставуваат една голема лага на владата на Еди Рама, вели за Македонската телевизија претседателот на партијата на Слободата за Мала Преспа, Панди Јани.
-
Македонија 30.06.2024 12:12
Министерството за транспорт и врски под лупа на ДЗР
200.000 евра потрошени за идејни решенија, а притоа не е обезбедена документација и нема сознанија дали ќе бидат искористени за реализација на проекти.
-
Македонија 30.06.2024 11:59
Сообраќајниот метеж и бучавата најголем проблем во Охрид
Шпицот на туристичката сезона, носи низа предизвици во главниот туристички центар во земјава. Јули и август е најголемиот наплив на туристи во Охрид, а со тоа и повеќекратно зголемено производство на смет, оптоварување на водоснабдителната и канализационата мрежа, појава на чести дефекти.
-
Македонија 30.06.2024 11:35
Муцунски: Владата е цврсто фокусирана на европските реформи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана од министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на Дубровник форум, што се одржа на 28-ми и 29-ти јуни, во Дубровник.
-
Македонија 30.06.2024 11:29
Протести против „Бехтел и Енка“, на потег се државата и судовите
Жителите на прилепско Оревоец и прилепчани очекуваат судот да ја прифати времената мерка за стопирање на ископите на „Бехтел и Енка“ до селото кои, според нив, ги уништуваат водата, имотите и животната средина. Проектот нема ниту основни дозволи, елаборат Б-интегрирана дозвола.
-
Македонија 30.06.2024 11:15
МОН: Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците, ќе се исплаќа од утре
Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците, ќе се исплаќа од утре, соопштија од Министерството за образование и наука.










