Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица Жданец 2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населбите Жданец, Трнодол и Нерези.
-
Македонија 29.06.2024 09:00
-
Македонија 29.06.2024 08:33
Муцунски на Дубровник форум 2024
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде што на покана на министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.
-
Македонија 29.06.2024 08:16
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени и UV=8.
-
Македонија 28.06.2024 20:36
Муслиу: Претседателката попушти пред партиските притисоци
„Очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци“, реагира досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, по одлуката на претседателката Сиљановска Давкова да го разреши од функцијата на која е веќе втор мандат.
-
Македонија 28.06.2024 20:14
Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и новоименуваниот директор на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во текот на денешниот ден остварија работен состанок со раководството на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, информираат од МВР.
-
Македонија 28.06.2024 19:42
МНР со реакција: Имплементацијата на Договорот од Преспа е обврска за двете страни
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни, соопштуваат де
-
Македонија 28.06.2024 19:35
Пензиите се зголемуваат за 5.000 денари, покачувањето ќе биде поделено на два дела
Линеарно зголемување на пензиите-прва одлука на првата владина седница. Премиерот Мицкоски денеска со владините претствници одлучија дека примањата на пензионерите ќе се зголемат за 5.000 денари. Половина од парите ќе бидат исплатени во септември, а останатите во март.
-
Македонија 28.06.2024 18:30
Нови кадровски решенија во дел од институциите
Екс-пратеникот Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата, а поранешниот управител на ЕЛЕМ Турс, Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи.
-
Македонија 28.06.2024 18:16
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени- информира УХМР.
-
Македонија 28.06.2024 18:09
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, за прв пат во малцинствата се појавуваат Бугари
Се преполовил бројот на Македонци по ланскиот попис во Албанија. Според податоците на тамошниот Институт за статистика објавени денеска, како Македонци се изјасниле 2.281 или двојно помалку во споредба со пописот во 2011-та година кога биле евидентирани околу 5.500.










