Не станува збор за бојкот, го напуштивме Собранието оти сме омаловажени. Кои ќе бидат следните чекори ќе треба одлучат сите чинители на „Европскиот фронт“, вели Ахмети. Посочи дека постои договор да се оштети „Европскиот фронт“.
-
Македонија 29.05.2024 16:00
-
Македонија 29.05.2024 15:17
Шокаровски: Оркестрирана хајка се води против Клиниката за кардиохирургија
Оркестрирана хајка се води против Клиниката за кардиохирургија, со цел да се уништи, оти некому не му одговара, вели разрешениот директор Марјан Шокаровски, без да одговори во кого се сомнева. Со податоци од интерна анализа одговори на обвинувањата на министерот за здравство.
-
Македонија 29.05.2024 14:58
Заврши мандатот на претседателката Кацарска
Заврши мандатот на претседателката на највисокиот суд во државата, Уставниот, Добрила Кацарска. Работењето на Судот под нејзино раководство, го оцени како успешно и покрај фактот што половина од нејзиниот мандат имало само пет судии.
-
Македонија 29.05.2024 14:58
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Масимилиано Паолучи
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.
-
Македонија 29.05.2024 14:55
Мемети не се појави на седница на Советот на јавни обвинители, размислува на повлекување
Советот на јавни обвинители му препорача на својот колега и заменик-претседател, Иџет Мемети дека не би требало да учествува во работата на Советот и носењето одлуки.
-
Македонија 29.05.2024 14:51
Бројките на запишани првачиња од година во година се помали
Магдалена е родител на прваче. Нејзиното синче Алек од први септември ќе седне во школските клупи. Првичните подготовки ги направиле навреме. Алек успешно ги поминал тестирањето и лекарските контроли. Со голема радост и возбуда го чека првиот училиштен час.
-
Македонија 29.05.2024 14:14
МОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение
Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година.
-
Македонија 29.05.2024 13:59
Министерот Тошковски во посета на Секторот за меѓународна полициска соработка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Секторот за меѓународна полициска соработка при Бирото за јавна безбедност каде непосредно се запозна со работата на оваа организациска единица, каде одржа работен состанок со раководството.
-
Македонија 29.05.2024 13:46
Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него
Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот.
-
Македонија 29.05.2024 13:39
Кацарска со отчет за сработеното по завршувањето на тригодишниот мандат
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска со отчет за сработеното по завршувањето на тригодишниот мандат. Мандатот ѝ истекува на 2-ри јуни, до кога треба да се избере и нов претседател на Уставен. За деталите од прес-конференцијата, известува Ирина Гелевска.










