Спроведовме европски избори во фер и демократска атмосфера во двата изборни круга – Џафери даде отчет за 100 дена техничка Влада. Кои се оценките на техничкиот премиер околу работата на техничката Влада?
Марина Стојанова Тонева известува
Спроведовме европски избори во фер и демократска атмосфера во двата изборни круга – Џафери даде отчет за 100 дена техничка Влада. Кои се оценките на техничкиот премиер околу работата на техничката Влада?
Марина Стојанова Тонева известува
Вечерва на полноќ истекува рокот за достава на приговори за претседателските и парламентарни избори. ДИК има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори.
Се крои постизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада. Новиот потенцијален мандатар Мицкоски најави - поставени се контурите, во тек се разговорите со лидерите на партиите од коалицијата „Твоја Македонија“.
В недела професорката Гордана Силјановска- Давкова се очекува да го преземе мандатот од Стево Пендаровски по што ќе стане 11-ти македонски претседател.
Вчера во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.
Пред 35 години на денешен ден битолските и македонските алпинисти славеа еден голем подвиг, кога првиот Македонец се искачи и го освои Монт Еверест.
На 12 мај, недела, во 12 часот е закажана седница во Законодавниот дом за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека преку единствениот број за итни повици Е-112 добиена била пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара“ и „Железарија Јоле“ во населба Автокоманда.
Премиерот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе одржи прес-конференција на којашто ќе се осврне на работата во изминатите 100 дена.
Техничката Влада беше изгласана на 28 јануари, 100 дена пред парламентарните избори што се одржаа завчера.