Државната изборна комисија денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска-Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од претседателски избори одржани на 24-ти април и 8-ми мај годинава.
-
Македонија 11.05.2024 12:13
-
Македонија 11.05.2024 11:26
Младиот кромид наместо во Башино Село, се одгледува во Росоман и Каратманово
Ја нема вообичаената пролетна слика во велешко Башино Село, кое беше најголемиот одгледувач на млад кромид во земјава. Последните години малку од локалните семејствата го работат овој ран зеленчук. Причината е што младите не се заинтересирани, па бавчите останаа да работат возрасните.
-
Македонија 11.05.2024 11:16
ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение насочено кон информациите од ДУИ дека на земјава ѝ се „заканува“ нестабилност доколку тие не бидат дел од владејачкото мнозинство, порачаа дека обидот на ДУИ да се претстават како бранители на албанските права не е ништо друго освен фасада за прилепување до власта по с
-
Македонија 11.05.2024 10:05
ДИК објави конечни резултати, Гордана Сиљановска- Давкова и официјално претседател на државата
За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска- Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Алекс
-
Македонија 11.05.2024 09:37
ДУИ на средба со партиите од коалицијата Европски фронт
Демократската унија за интеграција одржа состанок на претседателството, а за денеска најавија средба со партиите од коалицијата Европски фронт на која ќе се разговара за позиционирањето по резултатите од изборите.
-
Македонија 11.05.2024 09:21
Почнуваат преговорите за новата влада
Во тек се преговорите за состав на новата влада. За денеска се најавува почеток на разговорите меѓу преставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од лидерот Христијан Мицкоски и коалицијата „Вреди“ за формирање на ново парламентарно мнозинство.
-
Македонија 11.05.2024 09:07
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
-
Македонија 10.05.2024 21:19
Претседателството на ДУИ вечерва на состанок во Мала Речица
Демократската унија за интеграција вечерва во седиштето во Мала Речица одржа состанок на претседателството, а за утре најавија дека на состанок со коалициските партии ќе разговараат за нивно позиционирање по резултатите од изборите.
-
Македонија 10.05.2024 21:14
До ДИК поднесени 17 приговори за резултатите од парламентарните избори
До Државната изборна комисија досега се пристигнати 17 приговори за постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори.
Девет од нив се поднесени од страна на коалицијата „Вреди“ и се однесуваат за општините Тетово, Желино, Боговиње, Гостивар и Врапчиште.
-
Македонија 10.05.2024 18:47
Продолжува одливот на медицински сестри од јавното здравство
Медицинските сестри се повеќе комплетираат документи за да си заминат од земјава. Одливот на кадар може да направи сериозни проблеми во здравството, предупредуваат од здружението.









