Вечер до 19 часот е крајниот рок за поднесување приговори до Државната изборна комисија на процесот на гласање на двојните избори, а на полноќ за резултатите. Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори.
-
Македонија 10.05.2024 08:06
-
Македонија 10.05.2024 07:57
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
-
Македонија 09.05.2024 20:12
ДИК со првични официјални резултати од вчерашните избори
Државната изборна комисија на продолжената 102-ра седница ги соопшти првичните и официјални резултати од изборите 2024 година.
-
Македонија 09.05.2024 17:48
Првична оценка на ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори
Изборите во Северна Македонија беа конкурентни, гласачите беа добро информирани, но процесот останува недоволно регулиран – оценка од меѓународните набљудувачи за вториот круг од претседателските избори. Какви пораки испратија од ОБСЕ/ОДИХР? Ирина Гелевска со повеќе информации.
-
Македонија 09.05.2024 17:15
Првични податоци од двојните избори
Државната изборна комисија ги објави првичните, неофицијални резултати. Течат роковите за приговори. Попладнево ДИК треба да одржи и прес-конференција.
Известува Викторија Милевска
-
Македонија 09.05.2024 16:29
Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заедно со заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска ги посетија партизанските гробишта во
-
Македонија 09.05.2024 16:00
Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележани пред Владата
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, положи цвеќе и оддаде почит на борците од Народноослободителната борба,
-
Македонија 09.05.2024 15:04
„Вреди“ и Европски фронт прогласија победа на изборите
Со 13 пратенички мандати во новиот собраниски состав Коалцијата „Вреди“ прогласи победа во албанскиот електорат на вчерашниот двојни избори.
-
Македонија 09.05.2024 14:42
Започнаа разговорите за формирање влада
Ден по изборната победа во ВМРО-ДПМНЕ коментираат, одважноста и храброста на народот ја заслужува целата почит. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби повеќе мандати од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција.
-
Македонија 09.05.2024 14:41
СДСМ ќе биде силна опозиција, тврди Ковачевски
СДСМ и Коалицијата ќе бидат одговорна, силна, принципиелна и државничка опозиција, тврди лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по двојниот пораз на претседателските и парламентарни избори во Македонија.









