Без пасоши со новото име на државата, нема заминување од земјава. На полноќ истече одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба.
-
Македонија 13.02.2024 13:25
-
Македонија 13.02.2024 13:21
Зголемен број патници на „Ќафасан“, границата се поминаува и со старите патни исправи
Во странство може да се патува само со пасош со новото име на државава-Република Северна Македонија. Според Договорот од Преспа, од ноќеска не важат старите пасоши.
-
Македонија 13.02.2024 12:57
ДЗР: „Трикафта“ има само за 15 пациенти
Пари за набавка на лекот „Трикафта“ има само за 15 пациенти со цистична фиброза, иако се регистрирани околу 140 болни, нотира во извештајот Државниот завод за ревизија.
-
Македонија 13.02.2024 12:42
Џафери: Се преземаат процедури за да се обезбедат соодветните документи за граѓаните
Засега решено е прашањето со користењето на личните документи во државата. За нивно користење во странство се преземаат одредени процедури за обезбедување и издавање на документите со новото уставно име, изјави техничкиот премиер Џафери.
-
Македонија 13.02.2024 12:32
Тошковски очекува навреме да стигнат обрасците за лични документи, за да може процесот да тече
Граѓаните кои не поседуваат пасош со новото уставно име, а ќе се обидат да излезат од земјава, нема да бидат пуштени. Но, имаат право да побараат на писмено образложение за тоа, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за Македонската телевизија.
-
Македонија 13.02.2024 11:51
Ленче Ристоска – јавен обвинител за врски со Европравда
Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда, соопштуваат од Министерството за правда.
-
Македонија 13.02.2024 11:30
Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните
Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, соопштуваат од Царинска управа.
-
Македонија 13.02.2024 11:21
Митрески утре ќе ги распише претседателските избори
Претседателот на Собранието утре ќе ги распише претседателските избори. Во тек се консултации дали во ист ден ќе се распишат и парламентарните, кои треба да се одржат на 8-ми мај, вели во интервју за МИА, спикерот Митрески.
-
Македонија 13.02.2024 10:24
Од денеска важат само исправите со новото име за патување надвор од државата
Од синоќа на полноќ истече преодниот рок од пет години, односно одредбата од Преспанскиот договор, со која престануваат да важат патните исправи и документите за меѓународна употреба кои го содржат старото име на државата, Република Македонија.
-
Македонија 13.02.2024 10:18
Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.









