Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали и средни претпријатија.
-
Македонија 15.01.2024 09:18
-
Македонија 15.01.2024 09:07
Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.
-
Македонија 15.01.2024 08:44
Меџити ќе го посети Универзитетскиот институт за радиологија
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ќе го посети Универзитетскиот институт за радиологија.
Како што најавија од Министерството за здравство, по посетата предвидени се изјави за медиуми.
-
Македонија 15.01.2024 08:33
Прва собраниска седница во 2024
Пратениците денеска ќе ја почнат првата седница за годинава. На дневен ред на 138-та седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка.
-
Македонија 15.01.2024 08:21
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.
-
Македонија 14.01.2024 18:23
Санкциониран возач со 3,7 промили алкохол во Петровец
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14.01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје.
-
Македонија 14.01.2024 17:18
Маж починал од струен удар во Маркова Сушица
Дваесет и осумгодишник со иницијали М.Д. од скопското село Елово, викендов бил пронајден мртов во објект во селото Маркова Сушица лоцирано во околината на Скопје.
Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во петокот, 12-ти јануари.
-
Македонија 14.01.2024 15:20
Хуманитарно дружење на „Василичарите од Боемска“
Василичарите од Боемска улица во скопско Дебар Маало организираа хуманитарно дружење по повод празникот Василица.
-
Македонија 14.01.2024 14:59
Разговорите за предизборни коалицирања во полн ек
Партиски анализи и комбинаторики кој со кого ќе соработува и ќе му биде добитна комбинација на изборите во мај. Разговорите за предизборни коалицирања се во полн ек, но засега познато само дека сите се отворени за соработка.
-
Македонија 14.01.2024 14:49
Потреба од долгорочни мерки за справување со аерозагадувањето
Најголем фактор за загадениот воздух во Битола е тоа што нема градско парно за греење, па и оваа зима големиот дел од домаќинствата ќе продолжат да ги затоплуваат своите домови на дрва, нафта и мазут кои се едни од најголемите загадувачи, покрај греењето и индустријата и сообраќајот се дел од заг










